• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Се одржа деведесет и седмата седница на управниот одбор на фондот на ПОМ

UPRAVEN_ODBOR__19.10.2011_002____464627902На 19 октомври 2011 година се одржа 97-та седница на Управниот одбор на Фондот, на која се разгледаа повеќе точки. На почетокот, помошникот на директорот Соња Бачовска го образложи Актураскиот извештај за пензискиoт систем во Република Македонија со актуарски проекции. Притоа, нагласи дека Фондот на ПИОМ е една од ретките институции во државата кои имаат ваква организациона единица што изготвува извештаи и проекции на сите параметри од кои зависи стабилноста на пензискиот систем и кои се користат за креирање на пензиската политика.

Потоа, Управниот одбор усвои две информации, и тоа: Информација за усогласување на пензиите и за достигнатото ниво на пензиските примања во 2011 година и Информација за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија за период 01.01 до 30.09.2011 година, како и Извештајот од работењето на Одделението за матична евиденција во Централата на Стручната служба на Фондот за периодот од 01.01.2011 година до 30.09. 2011 година.

По усвојувањето на приговорите поднесени од МЕЛИТА ДООЕЛ и МАГГ-СТАР ДОО, Управниот одбор го донесе Правилникот за измена на Правилникот за условите и начинот за издавање на деловен простор под закуп со кој управува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

На крајот од состанокот, Менаџментот на Фондот одговараше на повеќе прашања поставени од членовите на Управниот одбор кои се однесуваа на актуелната проблематика во работењето на Фондот.