• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Полугодишниот извештај за работа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во 2025 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница, на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.

Претседателката на Управниот одбор Јасмина Вукичевиќ рече дека Извештајот ја отсликува работата на Фондот во наведениот период. Таа додаде  дека очекува и во наредниот период да се продолжи со остварување на зацртаните цели и целосно да се реализира Планот за работата на Фондот за 2025 година.

Директорот на Фондот, Никола Мемов рече дека главната цел во работата на Фондот е навремената исплата на пензиите, што се прави, како и решавањето на  предметите во законски утврдените рокови. Со тоа, додаде тој, услугите што се во надлежност на Фондот ќе им се испорачуваат на граѓаните навремено и нема да има никакви застои во работата.

Директорката на секторот за финансиски прашања во Фондот, Фатиме Неџипи пред членовите на Управниот одбор го образложи Полугодишниот извештај и рече дека во изминатите шест месеци Фондот работел со изблансирани приходи и расходи, а пензиите се исплаќани навремено. Таа рече дека во наведениот период вкупните остварени приходи во период јануари-јуни во 2025 година во однос на истиот период во 2024 година се повисоки за 12,94 насто, додека вкупните расходи во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваат 64.741,63 милиони денари и во однос на расходите во истиот период во 2024 година се повисоки за 13,88 проценти. Неџипи додаде дека бројот на корисници на пензии е зголемен за 1748 лица, а за посмртна помош Фондот има исплатено средства во висина од 286.458,780 денари на семејствата на  8192 починати корисници на пензија.

Управниот одбор на Фондот, на седницата усвои и Предлог – одлука за овластување лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро – сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како и Предлог – одлука за усвојување на Извештај за расход на движни ствари.

На седницата беа разгледани и други информации од надлежноста на Управниот одбор.