• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Управниот одбор на ФПИОСМ го усвои Стратешкиот план на Фондот за 2026-2028 година и Буџетското барање за 2026 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, со кој претседаваше заменик претседателката Диана Ристовска Додевски, на својата последна седница го усвои Предлогот на Буџетското барање на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2026 година.

Директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот дека за следната година се предвидува поголем буџет за околу 13 милијарди денари. Причината е, како што објасни тој, предвиденото зголемување на пензиите во април и септември следната година, а што е согласно Законот за ПИО.

Станка Трајкова, член на Одборот, рече дека од предлог буџетското барање се гледа дека фокусот е ставен во обезбедувањето на финансиската стабилност на Фондот и редовната исплата на пензиите.

Управниот одбор го усвои и Предлог–стратешкиот план на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за периодот 2026-2028 година. Директорката на Секторот за финансии, Фатиме Неџипи, образлагајќи го Предлог Стратешкиот план рече дека во неговата изработка се земени во предвид сите потребни параметри и се дадени проекции кои се во согласност со стратешките определби на Фондот во насока на обезбедување подобри и поквалитетни услуги на граѓаните и навремена исплата на пензиите.

Одборот ја разгледа и Информацијата за доставување на Известување за преземени мерки по препораките на Овластениот државен ревизор содржани во Конечниот ревизорски извештај – ИЗПМ и Акциски план за преземање на активности по однос на извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2023 година, до Државниот завод за ревизија и Владата на РСМ. Раководителот на Одделението за внатрешна ревизија Синан Сејфула образложувајќи ја Информацијата рече дека е постапено по сите забелешки доставени од Ревизорот и Стручната служба на Фондот ги има преземено сите мерки за отстранување на воочените слабости во насока на подобрување на процесот на работа.

Управниот одбор го усвои и Предлог – Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност.