• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСПЕШНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ ПОМЕЃУ ФПИОСМ И ГЕРМАНСКИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД

На 29 и 30 ноември 2023 година, во Фондот на ПИОСМ, се одржaa советодавни денови помеѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Германскиот носител за социјално осигурување.

За време на советодавните денови, граѓаните добија одговори и совети во врска со остварувањето на правото на пензија согласно Договорот за социјално осигурување помеѓу Р. Македонија и СР Германија.

Најчесто поставувани прашања од страна на присутните граѓани беа во врска со условите за остварување право на старосна пензија (предвремена и редовна), семејна пензија и инвалидска пензија според германското законодавство, како и потребната документација при поднесување на барање за остварување право на германска пензија, податоци во врска со висината на германската пензија, постапката за потврдување на  стажот во СР Германија, местото на поднесување на барањето, постапката за враќање на придонеси и трансфер на германска пензија во Република Северна Македонија.

Овие  средби  редовно  се одржуваат  од 2012  година, и тоа двапати годишно, еднаш во  Република Северна Македонија и еднаш во СР Германија и истите ќе продолжуваат и  во иднина.