• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСВОЕН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ФОНДОТ

На 86-та седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ, која се одржа на 5 јуни 2023 година, членовите на Управниот одбор го усвоија Извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во 2022 година.

Фондот на ПИОСМ, минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат, со што постигна значајни резултати во пензиското и инвалидско осигурување и обезбедување стабилно финансиско работење во спроведувањето на основната функција на Фондот за навремена исплата на пензиите.

Во богатата дискусија во која учествуваа сите членови на УО, меѓу другото, беше нагласена определбата за ефективно, ефикасно и домаќинско работење, како и максимално ангажирање и стручен приод во работењето на сите вработени, заради унапредување на услугите на нашите корисници и подигнување на нивото на довербата на институцијата, со сугестија истите напори за поквалитетна работа да продолжат и во оваа 2023 година.