• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

За предвизиците и перспективите на пензиските системи разговараа во Сараево директорите на пензиските фондови од регионот

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов, присуствува на 15-та средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, која се одржува во Сараево, од втори до четврти јуни 2025 година.

Централната тема за разговор на средбата е „Иднината на пензиските системи – предизвици и перспективи“.

Директорот на Фондот, Мемов, во своето обраќање пред присутните рече дека најголемиот предизвик е обезбедување на финансиски стабилен и одржлив Фонд. Тој нагласи дека тоа може да се постигне со воведување на мерки кои ќе овозможат зголемување на приливот на средства во Фондот.

„За таа цел до Министерството за социјална политика, демографија и млади предложивме повеќе мерки со кои сметаме дека ќе се подобри финансиската состојба на Фондот. Сметам дека начинот е во зголемувањето на приливот, а не единствено со зголемувањето на стапката на придонеси или старосната граница за пензионирање“, рече Мемов и додаде -Потребно е зголемување на можностите за финансирање на средствата од вториот столб и намалување на ограничувањата кои се сега на сила, но и разгледување на можноста за инвестирање на средствата и од првиот столб за да се овозможи пасивен прилив и по тој основ.

Директорот Мемов рече дека меѓу предложените мерки е и таа за вработување на корисниците на пензии, со што тие ќе продолжат да ја користат пензијата, ќе имаат дополнителен приход, а Фондот ќе има прилив на средства врз основа на платени придонеси.

Директорката на Секторот за остварување на права од пензиско и инвалидско осигурување во ФПИОСМ, Билјана Стојанова во својата презентација се осврна на состојбата со бројот на осигуреници, нивната структура, како и на измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување од минатата година до сега, а кои се однесуваа на линеарното зголемување на пензиите во септември минатата и март оваа година.

На средбата стана збор и за реализацијата на заклучоците од претходниот состанок минатата година, при што беше речено дека е остварен значаен напредок во размената на податоците и подобрувањето на соработката помеѓу фондовите.