• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Информација за работењето на фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија

Пензиското и инвалидското осигурување е значаен сегмент на вкупниот општествен, социјален и политички живот во Република Македонија.

Системот на пензиското и инвалидското осигурување се спроведува преку Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.Развојот на пензиското и инвалидското осигурување зависи од вкупните економски, социјални и демографски движења во општеството кои непосредно или посреднo влијаат на пензискиот систем.Од јануари 2009 година настанаа битни промени во општествено – економски развој во Република Македонија, кои непосредно имаат влијание на спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување.

Имено, од јануари 2009 година во Република Македонија е во примена Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување со кој е уредена висината на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, која од 21,2% во 2008 година се намалува на 15% во 2011 година.Од истиот датум се воведе системот на пресметка и исплата на бруто плата, наместо досегашниот систем на нето плата, а истовремено се започна со интегрирана наплата на сите социјални придонеси во Управата за јавни приходи.
Намалувањето на стапката на придoнес како и концептот на бруто плата има влијание на пензискиот систем, во однос на финансиската состојба на Фондот.

1. Финансиска состојба на Фондот во 2009 година

Од 1 јануари 2009 година финансиското работење на Фондот се остварува во рамките на планираните средства со Буџетот на Фондот за 2009 година. Намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од 21,2% на 19% во 2009 година, нема поголемо влијание врз намалување на приходите на Фондот, бидејќи од 1 јануари 2009 година во платите на вработените е инкорпориран надомeстокот за храна и превоз, кои влијаaт на зголемување на бруто основицата од која се пресметува и плаќа придонесот за пензиско и нвалидско осигурување.

Фондот во периодот јануари-jуни 2009 година оствари вкупни приходи во износ од 20.875,76 милиони денари и вкупни расходи во износ од 20.439,94 милиони денари или вишок на приходи над расходите во износ од 435,82 милиони денари. Во овој период е платен придонес за околу 430.000 осигуреници што претставува зголемување во однос на 2008 година, кога е платен придонес за околу 418.000.

Позитивното финансиско работење на Фондот овозможи да се изврши усогласување на пензиите од 1 јануари 2009 година за 3,5%. Исто така, приходите на Фондот обезбедуваат редовна исплата на пензиите на околу 273.000 корисници на пензиja, така што Фондот од почетокот на годината, редовно врши исплата на пензиите до 5 -ти во месецот за претходниот месец. Исто така, се плаќаа и другите обврски по основ на придонес за здравствено осигурување и другите расходи на Фондот, поврзани со спроведување на пензиското и инвалидското осигурување.

Од почетокот на годината, Фондот превземаше мерки за навремено известување на корисниците на пензија да отворат трансакциски сметки заради примена на законската регулатива исплатата на пензиите да се врши преку банка, односно безготовинско плаќање со цел да се намалат трошоците на работењето.Фондот редовно врши исплата на пензиите и на околу 6.000 на корисници на пензија кои живеат надвор од Република Македонија.Редовно се врши и исплата на посмртна помош на семејствата на починатите корисници на пензија за просечно месечно околу 1.000 починати корисници.

Со имплементацијата на интегрираниот процес на наплата на придонесите и персоналниот данок на доход кој од 1 јануари 2009 година e во рамките на Управата за јавни приходи, Фондот во почетокот даде особен придонес како во техничка помош така и со ангажирање на човечки ресурси што придонесе за нејзина успешна имплементација.

2. Остварување на права од пензиско и инвалидско

Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, правата од пензиското и инвалидското осигурување се стекнуваат и остваруваат во зависност од начинот, должината и обемот на вложување на средства за пензиско и инвалидско осигурување.Во услови на постоење на повеќеслоен пензиски систем, правото на пензија, зависи од обемот и времето на вложување во пензиското и инвалидското осигурување, односно плаќањето на придонес на остварената плата.Согласно Законот за матична евиденција, податоците за стажот на осигурување, платите, надоместоците односно основиците на осигуруавње кои се основа на утврдување за правото на пензија ги утврдува Фондот, во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување.

Пензискиот стаж и платата како и другите факти што се од влијание врз стекнувањето и утврдувањето на правата, се земаат предвид врз основа на податоците утврдени во матичната евиденција за осигурениците и корисниците на права од ова осигурување која евиденција се води во Фондот.Податоците внесени во матичната евиденција дополнително можат да се менуваат во постапка утврдена со овој закон.Со овие прописи целосно е уреден начинот на воспоставување и водењето на матичната евиденција, начинот на утврдување и внесување на податоците преку соодветни пријави во матична евиденција, обемот на податоците, обврските на сите субјекти кои учествуваат во постапката за обезбедување на податоците, заштита на правата на осигуреникот во поглед на утврдувањето на потребните податоци, врз основа на кои се одредуваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Согласно овие прописи, Фондот е овластен да ја проверува точноста и потполноста на податоците кои се внесуваат во матичната евиденција врз основа на доказите, документацијата и евиденцијата од областа на трудот.За извршување на надлежноста на Фондот, во постапката на утврдување на податоците во матичната евиденција, покрај редовните процедури на контрола, воспоставени се и дополнителни контролни механизми заради отстранување на евентуални пропусти во работењето на Стручната служба на Фондот.

Со воспоставувањето на новите деловни процеси од работодавачот по електронски пат се обезбедуваат месечни податоци за плата и остварен стаж на осигурување за секој осигуреник поодделно .Согласно утврдените законски процедури, се обезбедува правата од пензиското и инвалидското осигурување да се остваруваат врз основа на потполни, точни и интегрирани податоци во матичната евиденција на Фондот (банка на податоци).Заради подобра комуникација со граѓаните, во Фондот работи Инфо Центар, на бесплатна телефонска линија 02 – 15215, која е отворена секој работен ден и се даваат одговори на поставени прашања од страна на сите физички и правни лица.

ФОНД НА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО
ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА