• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Соопштенија

Активностите што се преземаат во Фондот на ПИОМ покажуваат дека грижата за пензионерите е континуирана – констатира Управниот одбор на Фондот

Управниот одбор на ПИОМ ја одржа својата 23 седница. Во почетокот  на седницата, претседателката на Одборот, Јасмина Вукиќевиќ му даде збор на директорот на Фондот за да ги информира членовите на Одборот за аткивностите што се преземени во периодот од претходната седница до сега.

Повеќе

Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на Светска банка

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика.

Повеќе

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионери, „Промедика Офталмологија“ и „Систина Офталмологија“

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување Никола Мемов,  претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова и претставници од „Промедика Офталмологија“ и „Систина Офталмологија“, потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување партнерство кое ќе обезбеди поволности за корисниците на пензија.

Повеќе

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување директорот, Никола Мемов, министерот за правда, Игор Филков и претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска потпишаа Меморандум за соработка со цел зголемување на ефикасноста во работата и оптимизација на ресурсите на Фондот на ПИОМ, доследна примена на законот за извршување и транспарентност на процесот.

Повеќе

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија: Дела од мисијата „Цвеќето на мирот“ на светски познатиот Живко Поповски – Цветин отстапени на Фондот

По повод 40 години творење и 81 година живот, како и Денот на возрасните лица, Први октомври, истакнатиот уметник сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија му отстапи на користење 15 свои дела-слики без надомест. Договорот за отстапување на сликите го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и сликарот Поповски.

Повеќе

Управниот одбор на ФПИОСМ го усвои Стратешкиот план на Фондот за 2026-2028 година и Буџетското барање за 2026 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, со кој претседаваше заменик претседателката Диана Ристовска Додевски, на својата последна седница го усвои Предлогот на Буџетското барање на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2026 година.

Повеќе

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Полугодишниот извештај за работа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во 2025 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница, на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.

Повеќе

02/15 215 е бројот на Кол центарот во ФПИОСМ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги информира граѓаните дека во рамките на Фондот работи нов Кол Центар. Повикувачкиот број е 02/15 215, а времето во кое граѓаните, странките може да се јават е од 08 до 16 часот.

Повеќе