ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ НА ПИОСМ СЕ СРЕТНА СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА
Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика.