Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика.
Дигитализацијата на архивата на Фондот и нејзиното вметнување во Проектот, како и алокација на средства за таа намена, беше побарано од страна на директорот Мемов при неговата прва средба со Мисијата на банката во ноември 2024 година. Г-н Анушиќ рече дека Министерството за социјална политика, демографија и млади го доставило до нив барањето.
Беше речено дека во наредниот период ќе се интензивираат активностите за да може дигитализацијата на архивата да се реализира до средината на наредната 2026 година, бидејќи е од особена важност за обезбедување на квалитетна база на податоци за осигурениците и ќе придонесе во поефикасното работење на Фондот.
Исто така, на состанокот стана збор и за статусот на актуарската единица која треба да се воспостави во наредниот период и активностите потребни за заживување на целиот процес.
Директорот Мемов, нагласи дека во најкус рок лицата кои имаат дел од потребните обуки ќе продолжат со истите и ќе бидат вклучени во процесот на работа во Фондот, со цел правење на проекции и предвидувања за развојот на пензискиот систем во иднина.
Со Мисијата на Светска банка се разговараше и за Законот за М4, кој е дел од Проектот. Претставниците од Проектната единица во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рекоа дека е ставен во процедура и ќе бидат направени потребните усогласувања за да биде усвоен во наредниот период. Со донесувањето на овој закон се очекува да се регулира стажот на сите осигуреници.
Директорот Мемов нагласи дека Фондот е подготвен да ги направи потребните чекори, по усвојувањето на законот и овој проблем со нерегулираниот стаж да биде минато.
Во однос на реконструкцијата и адаптацијата на Пензионерскиот дом Хотел „Борец“ во Битола, што беше една од темите на состанокот, г-н Зоран Анушиќ рече дека иницијативата на раководството на Фондот и директорот Мемов, за обезбедување на средства би можело да се реализира доколку биде продолжен рокот за реализација на целиот Проект, за што, како што нагласи, има навестувања.
Директорот Никола Мемов потенцира дека обновата на овој објект ќе придонесе во подобрувањето на ситуацијата на повеќе пензионери, затоа што ќе добијат место каде што ќе може да бидат сместени, со што ќе им се зголеми квалитетот на живеењето. Тој додаде дека е тоа многу важно, бидејќи подобрувањето на социјалната положба на пензионерите и обезбедување на нивен достоен живот, е од исклучително значење за владата.
Наредната средба со претставниците на Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика ќе се одржи наесен.