ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВА УСЛУГА НА ШАЛТЕРОТ „ЕДНА ТОЧКА НА УСЛУГИ“
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува корисниците на услугите дека почнувајќи од денес, 01.04.2021 година, покрај веќе достапните услуги на шалтерот на Фондот на ПИОСМ лоциран во зградата на поранешна Комерцијална Банка, почна да функционира нова услуга- Прием на барања за солидарен фонд.