Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ги известува сите корисници на пензија на кои што досега исплатата на пензија им се вршеше на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, дека нема да бидат оштетени и исплатата на пензијата ќе се врши редовно како и досега.
Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година донесено од Гувернерот на НБ на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, се известуваат сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.
Од 1 - ви јули 2020 година,пензиите остварени до 30.06.2020 година, се усогласуваат за 0,6%.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, податоците за исплата на пензиите за месец јуни ќе ги испрати до сите деловни банки најдоцна до 25.06.2020 година и воедно препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи, и тоа:
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како институција која им служи на граѓаните, за време на пандемијата настаната со вирусот КОВИД– 19 и прогласувањето на вонредната состојба во Република Северна Македонија, непречено ги извршуваше своите услуги и обврски/должности, посебно во делот на редовната исплата на пензиите за корисниците на пензија кои живеат во државата и надвор од неа.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија спроведе акција за дезинфекција на просториите во зградата на Фондот, на сите филијали и деловници на Фондот на ПИОСМ, како и на пензионерските домови.