За исплата на пензиите во 2025 година ќе се потрошат 2,195 милијарди евра, од кои 1,55 милијарда се очекува од придонесите што ги плаќаат вработените, а државната каса ќе помогне со 570 милиони евра.
Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, денеска имаше средба директорот на Проектот за изработка на Физибилити студијата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, финансиран од Светската банка, Кирил Миновски и соработниците.
Управниот одбор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија денеска ја одржа четврта седница раководена од претседателката Ирена Петковски. Најнапред беше усвоен записникот од претходната седница, а потоа претседателката Петковски му даде збор на директорот на Фондот, Никола Мемов за да ги информира членовите на Одборот за чекорите што тој ги има преземено по неговото преземање на функцијата.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов, беше во Филијалата на Фондот во Тетово, каде што од раководителот на Филијалата, Муса Зибери, беше информиран за состојбата со тековната работа, како и за проблемите со кои се соочуваат.
Никола Мемов, директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше во работна посета на Филијалата на Фондот во Гостивар.
Денеска, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов и раководниот тим имаа работен состанок со ревизорите од Државниот завод за ревизија.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.
„Фондот на пензиското и инвалидското осигурување денеска ги исплати пензиите, покачени за 2500 денари, што, согласно пресметките, претставува зголемување од 11,2 проценти или во вкупен износ од 850 милиони денари за еден месец“, рече денеска директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов во изјава за телевизија Телма.
Никола Мемов, новиот директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, денеска ја презеде должноста од досегашниот директор Арсим Хасани.