• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Настани

Позитивна судска одлука во корист на фондот

На 5 октомври, во Пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Општина Чаир, се одржа прес конференција, на која пред новинарите зборуваа директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Откако ги поздрави присутните на конференцијата, директорот Беким Незири, истакна дека од 1 октомври, годинава, Пензионерскиот дом во Чаир официјално станува сопственост на Фондот на ПИОМ,
Повеќе

Подобрена работата на инвалидските комисии

Од септември, официјално ќе почне да функционира новата процедура за работа на инвалидските комисии,која ќе овозможи скратување на постапката со точно дефинирани рокови, зголемена ефикасност, стручност и професионалност во работењето, а на Веб-страницата на Фондот на ПИОМ, на секои три месеци ќе има детално информирање колку и кои лица аплицирале и колку од нив стекнале право на инвалидска пензија
Повеќе

Продолжуваат активностите – „ден за вас“

Проектот „Ден за Вас“, кој започна на 21 март во Скопје, продолжи да се реализира и во другите општини во Републикава. Вакви регионални средби со граѓаните се одржаа и во Струмица (24 април), Охрид (21 мај) и Велес (11 јуни).
Повеќе

Средби во интерес на граѓаните

ОДРЖАНИ МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ФОНДОТ НА ПИОМ И ГЕРМАНСКОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Повеќе

Доуточнување на некои одредби од договорот

ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА
Повеќе

Почнаа средбите со граѓаните

На 21 март, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, го означија почетокот на средбите со граѓаните насловени како „Ден за Вас“.
Повеќе

Списоци на корисници на услугата „Бањско – климатска рекреација на корисниците на пензија во 2012 година“, по градови

Во прилог се списоците со корисниците по градови на услугата бањско-климатска рекреација во 2012 година, која ќе се реализира во следните субјекти: Здравствена установа-природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД Негорци од Гевгелија, Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација „Катлановска бања“ ДОО Катланово, Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација „Дебарски бањи Цапа“ АД Дебар и ЗУ АД „Цар Самуил“ од Струмица. Истовремено, се известуваат корисниците на услугата за бањско-климатска рекреација во 2012 год., дека ќе добијат писмено известување на домашна адреса.
Повеќе

„Ден за вас“

Ги известуваме граѓаните дека Министерството за труд и социјална политика и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, организираат средба - “Ден за Вас“, која ќе се одржи во Фондот на ПИОМ (Сала на IV кат), на 21 март 2012 година, со почеток во 10.30 часот.
Повеќе

Претставена нашата пензиска реформа

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот.
Повеќе

Дисциплина и одговорност во работењето

На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот.
Повеќе