ТРИГЛАВ – НОВ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ
Од 1-ви април 2019 година, на пензискиот систем се приклучи ново друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови - Триглав Пензиско друштво АД Скопје.
Од 1-ви април 2019 година, на пензискиот систем се приклучи ново друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови - Триглав Пензиско друштво АД Скопје.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија г. Шаип Зенељи, во неговиот Кабинет, го прими Аташето за труд и социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Северна Македонија, г. Хералд Фугер.
На 9 и 10 јули 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржува работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово.
Во Мостар, во периодот од 4 до 5 јули 2019 година, е одржан состанок со претставници од Федералниот завод МИО/ПИО и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.
Од 19 до 21 јуни 2019 година во Хотел „Инекс Горица” во Охрид, во организација на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржа 11-та средба на директорите на фондовите -заводите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.
На 11.06.2019 година, е потпишан Договор за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово (ДП-МТСП-РК).
Од 14 до 16 мај, оваа година, во Баку, Република Азербејџан, во организација на Меѓународното здружение за социјално осигурување (ISSA), се одржа Европски форум за социјално осигурување на тема: „Достигнувања и предизвици во областа на социјалната сигурност во Европа“.
На 4 и 5 март 2019 година, се одржа работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора.
Во организација на Републичкиот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија, од 21 до 23 јуни 2018 година, во Белград, се одржа Десеттата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.