ПОСТОЈАНА ГРИЖА ЗА НАШИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ
Со мотото продолжуваме да се грижиме за подобрување на животниот стандард за старите лица, за сегашните и идните генерации пензионери, денес, продолжи посетата на здруженијата на пензионери во нашата земја.
Со мотото продолжуваме да се грижиме за подобрување на животниот стандард за старите лица, за сегашните и идните генерации пензионери, денес, продолжи посетата на здруженијата на пензионери во нашата земја.
Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), денес, 03.02.2020 година, одржа еднодневна работилница, на која присуствуваа претседатели на речиси сите 53 здруженија - членки на СЗПМ и други раководни лица.
На 26.12.2019 година, во поинаква атмосфера, Менаџментот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија заедно со раководителите на сите филијали и деловници на Фондот, се собираа да ја прослават Новата 2020 година.
Денес, 20.12.2019 година, во Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Министерството за здравство, одржаа средба со претставниците на сите здруженија на пензионери на Република Северна Македонија.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, денес на 14 декември 2019 година, се приклучи на еколошката граѓанска иницијатива „Не биди ѓубрe“, на која активно учествуваа Менаџментот и вработените на Фондот. Акцијата се реализираше во околината на институцијата, односно на кејот на Вардар.
Основна цел на ова активност е да се исчисти нашата околина и да се подигне јавната свест на граѓаните.
Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА), организира Технички семинар за предвидување на развојот на потребите од стареењето на населението во светот, на 5 и 6 декември 2019 година во Варшава, во организација на Институтот за социјално осигурување на Полска (Zaklad Ubezpieczen Spolecznych - ZUS), на кој присуствува директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г. Шаип Зенељи.
Денес, 25 ноември 2019 година, во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, се потпиша Договор за соработка меѓу СН Осигурителен брокер АД Битола, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
Од 14-ти до 18-ти октомври 2019 година, во Брисел, Белгија, се одржува Светскиот Форум за социјално осигурување, како најголем и најважен меѓународен настан за социјално осигурување, чии домаќини се институциите за јавно социјално осигурување на Белгија.
Денес, 10 октомври 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, директорот на Фондот Шаип Зенељи, одржа заедничка средба со претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
Од 1-ви април 2019 година, на пензискиот систем се приклучи ново друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови - Триглав Пензиско друштво АД Скопје.