Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за образование, ги известува, а воедно и ги повикува сите ученици и студенти, корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да достават соодветна потврда, со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.
Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ги известува сите корисници на пензија на кои што досега исплатата на пензија им се вршеше на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, дека нема да бидат оштетени и исплатата на пензијата ќе се врши редовно како и досега.
Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година донесено од Гувернерот на НБ на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, се известуваат сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.
Од 1 - ви јули 2020 година,пензиите остварени до 30.06.2020 година, се усогласуваат за 0,6%.