• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија: Дела од мисијата „Цвеќето на мирот“ на светски познатиот Живко Поповски – Цветин отстапени на Фондот

По повод 40 години творење и 81 година живот, како и Денот на возрасните лица, Први октомври, истакнатиот уметник сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија му отстапи на користење 15 свои дела-слики без надомест. Договорот за отстапување на сликите го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и сликарот Поповски.

Повеќе

Управниот одбор на ФПИОСМ го усвои Стратешкиот план на Фондот за 2026-2028 година и Буџетското барање за 2026 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, со кој претседаваше заменик претседателката Диана Ристовска Додевски, на својата последна седница го усвои Предлогот на Буџетското барање на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2026 година.

Повеќе

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија размената на податоците по електронски пат ќе ја остварува и со Фондот на Република Српска

Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е потпишан Договор  за  електронска  размена  на  податоци. Договорот го потпишаа директорот на  Фондот, Никола Мемов и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Српска, Младен Милиќ.

Повеќе

РАБОТНА СРЕДБА НА ФПИОСМ И ФЗОРСМ

Денес, во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, в.д. директорот на Фондот на ПИОСМ Арсим Хасани, присуствуваше на работна средба со директорите на ФЗО, Магдалена Филиповска Грашловска и Асаф Абдурамани.

Повеќе