РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
На 9 и 10 јули 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржува работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово.