ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ВО ФОНДОТ
На 14.09.2023 година, во Фондот на ПИОСМ, се одржа работна средба со претседателот на Партијата на пензионерите Илија Николовски, како и претставници на пензионираните генерали и старешини од АРМ. Гостите ги прими и со нив разговараше директорот на Фондот на ПИОСМ Арсим Хасани, а на средбата присуствуваа и директорите на секторите за остварување на правата од ПИО и финансиски прашања, Билјана Стојанова и Мухаметали Исмани.