12-ТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ
Од 08-10 јуни 2022 година, во Дубровник, Република Хрватска, се одржа 12-та средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, организирана од страна на Хрватскиот завод за мировинско осигурање.