Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионерите сметаат дека взаемната информираност и соработка се во корист на сите пензионери
Директорот и заменик директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и Вахид Ферати денеска беа присутни на седницата на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите на Македонија.