• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Соопштенија

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување  ја одржа Дванаесеттата  седница на која беше усвоен Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2024 година со предлог – одлуки.

Повеќе

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во „24 Анализа“ на ТВ24: „Наша цел е да покажеме различен пристап во работата и рационално да ги користиме средствата на даночните обврзници“

„Дефицитот во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во 2024 година беше 36,71 процент и е помал за речиси шест проценти од оној во периодот од 2015 до 2018 година кога изнесувал 42, 43 проценти“, рече директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во гостувањето во емисијата „ 24 Анализа“ на ТВ24.

Повеќе

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги усвои Годишниот план за работа и Планот за јавни набавки на Фондот за 2025 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа Десеттата седница, на која беа разгледани и усвоени:

Повеќе

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа деветтата седница

Директорот на Фондот, Никола Мемов, најнапред ги информира челновите на Одборот за активностите од тековното работење на Фондот, како и за она што е преземено по претходната седница.

Повеќе

Презентирани електронските услуги за граѓаните на Порталот uslugi.gov.mk. Отсега  Барањето за остварување на право на старосна пензија ќе може да се поднесе и електронски

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување,  Никола Мемов денеска присуствуваше на конференцијата  „Националниот портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“ во организација на Министерството за дигитална трансформација.

Повеќе

Владите во Македонија знаеле дека за  финансирање на  Фондот на пензиското осигурување мора да има дополнителни приходи освен придонесите, изјави директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во гостувањето во емисијата „Вин -Вин“ на телевизија Телма

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, беше гостин во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма. Тој рече дека препораките на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и зголемување на стапката на придонесот за пензиско треба да се разгледуваат внимателно и таа тема мора да биде отворена за разговор.

Повеќе

Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери беше тема на седницата на Извршниот одбор, на која присуствуваше и директорот на Фондот Никола Мемов

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов   денеска беше гостин на седницата на  Извршниот одбор на Сојузот на пензионери на Македонија.

Повеќе

Практичната настава на студентите и размената на искуства во областа на пензиското и инвалидското осигурување во фокусот на Меморандумот за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и АУЕ-ФОН, кој беше потпишан денеска

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов и директорката на АУЕ-ФОН, Сезен Цаноска потпишаа Меморандум за соработка со цел взаемна соработка во сферата на едукацијата,   обуката и размената на експертски искуства во повеќе стручни и научни области.

Повеќе

Зголемувањето на економскиот раст во државата е единствената економски одржлива мерка за стабилизација на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување , рече директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов беше гостин во емисијата „Бизнис21“ на ТВ 21. На прашањето кој е ставот во врска со предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за одење во пензија на 67 години и зголемувањето на стапката на придонес за пензиско осигурување, Мемов  најнапред нагласи дека компарацијата на пензиските системи во различни држави е несоодветна, затоа што условите во кои функционираат системите се различни.

Повеќе

Ефикасноста во работата на Фондот на пензиско е приоритет за постигнување на целта – задоволни корисници на услугите

Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов,  денеска се сретна со Кирил Миновски, директор на Проектот за изработка на Физибилити студијата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, финансиран од Светската банка.

Повеќе